Фајзер го повлече барањето за итна употреба на вакцината во Индија

Од:

Компанијата Фајзер го повлече барањето за итна употреба на нејзината вакцина против Ковид-19 во Индија.

Компанијата соопшти дека присуствувала на состанок на експерти на индискиот регулатор на 3 февруари. Врз основа на дискусијата на тој состанок и „нашето разбирање за секакви дополнителни информации што можеби му се потребни на регулаторот, компанијата одлучи овојпат да ја повлече својата апликација“, се вели во соопштението.

Во декември, компанијата прва се обрати до индискиот регулатор за вакцината развиена од германски Бионтек.

Потоа следеа барања за две други вакцини – верзијата на Астра Зенека направена од Институтот серум во Индија и друга од индиската компанија Bharat Biotech – која на крајот доби одобрение за итна употреба на 3 јануари.

Сепак, индиското Министерство за здравство соопшти дека „Фајзер“ не се презентирал доволно пред експертите кои мора да ја одобрат вакцината пред регулаторот за да даде зелено светло за употреба во Индија.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД