Фајон не верува во брз договор за механизмот за суспензија на визната либерализација

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за визна либерализација Тања Фајон изјави дека преговорите околу механизмот за суспензија на визната либерализација се уште траат, како и дека според неа тешко дека во брзо време ќе биде постигнат договор.

– Преговорите околу механизмот за суспензија се уште траат. Сметам дека нема брзо да стигнеме до договор, изјави Фајон, пренесува агенцијата Анадолија.

Претставниците на Советот на Европа, Европската комисија и Европскиот парламент на 18 декември 2012 година не постигнаа договор за механизмот за суспензија на визната либерализација на земјите од Западен Балкан.

Фајон предупреди дека земјите од Западен Балкан,сепак, треба да работат на тоа да се спречи потребата од повторно воведување на визи за своите граѓани.

– Без разлика, мерките треба да се почитуваат и да се работи на намалување на бројот на азилантите, истакна Фајон.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски