Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да воведе 100-процентни царини за одредени лекови во обид да ги охрабри производителите на лекови да произведуваат повеќе во САД, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Царините наводно ќе се применуваат за компании кои не постигнале договори со Белата куќа.
Царините за увоз од земји кои постигнале трговски договори со Белата куќа, исто така, ќе бидат ограничени според условите на договорите, велат изворите.
