(ВИДЕО) Трамп: Целиот свет гледа и не може да верува колку сме моќни и брилијантни

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиско обраќање изјави дека американската војска речиси ги постигнала своите цели во Иран, но не понуди јасна временска рамка за завршување на едномесечната војна и се закани дека ќе ја бомбардира земјата и ќе ја врати во „каменото доба“.

Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави биле исклучително успешни во војната со Иран и рече дека целиот свет гледа и „не може да верува колку се моќни и брилијантни САД“.

Го прнесуваме тој дел од говорот во целост подолу:

„Многу е важно да се стави овој конфликт во перспектива. Учеството на Америка во Првата светска војна траеше една година, седум месеци и пет дена. Втората светска војна траеше три години, осум месеци и 25 дена. Корејската војна траеше три години, еден месец и два дена. Виетнамската војна траеше 19 години, пет месеци и 29 дена. Ирачката војна траеше осум години, осум месеци и 28 дена. Ние сме вклучени во оваа воена операција, толку моќна, толку брилијантна, против една од најмоќните земји, веќе 32 дена. И таа земја е опустошена и повеќе не претставува закана. Тие беа насилниците на Блискиот Исток, но повеќе не се.

Ова е вистинска инвестиција во иднината на вашите деца и внуци. Целиот свет гледа и не можат да веруваат дека гледаат таква моќ, сила и брилијантност, едноставно не можат да веруваат што гледаат, ќе го оставам тоа на вашата имагинација, но не можат да веруваат што гледаат, брилијантност на американската војска.

Вечерва, секој Американец може да гледа напред до денот кога конечно ќе бидеме ослободени од злото на иранската агресија и од сеништето на нуклеарната уцена. Поради акциите што ги презедовме, блиску сме до ставање крај на злокобната иранска закана за Америка и светот. И ви велам, светот гледа. И кога ќе го сториме тоа, кога ова ќе заврши, Соединетите Американски Држави ќе бидат побезбедни, посилни, попросперитетни и поголеми од кога било досега.“

Би можело да ве интересира

Шпанија се противи на планот на Трамп за НАТО

ВИДЕО: Иран погоди два комерцијални брода во Ормутскиот теснец

Трамп планира да контактира со Путин по средбата со Зеленски во Турција

Иран: Поддршката на Хезболах останува револуционерна должност на Техеран

Милиони луѓе присуствуваат на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран

Трамп повторно ја нападна Џорџа Мелони на социјалните мрежи

Горан Наумовски