Фабиус: Нема услови за испорака на воениот брод за Русија

Од:

Поради кризата во Украина не се стекнати вистинските услови за испорака на воениот брод со висока технологија – носач на хеликоптери, за Русија, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, додека Москва врши се поголем притисок за испорака на бродот.

– Ние сметаме дека од очигледни причини не се исполнети условите за испорака на бродот, рече Фабиус за радио „Франс Интер“.

Русија наодамна го предупреди Париз на „сериозните“ последици доколку Франција до крајот на ноември не го испорача првиот од двата нарачани носачи на хелиоптери од класата „Мистрал“, наведуваат француските медиуми.

Меѓутоа, Фабиус не сакаше да каже кога точно ќе истече рокот, со образложение дека е „тоа утврдено со договорот“.

-На руската страна постои неприфатливо присуство на странски проруски сили, но и на украинската страна има неприфатливи изјави, рече францускиот шеф на дипломатијата, мислејќи на декларативната желба на Киев да влезе во НАТО, пренесоа француските медиуми.

Според првичниот договор, склучен во 2011 година, првиот од двата големи воени бродови, носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“, требаше да биде испорачан во текот на овој месец. Но заради кризата во Украина и сериозното влошување на односите меѓу Западот и Русија, Франција се најде под голем притисок на сојузниците, пред сите на САД, поради што во септември донесе одлука за одложување на испораката.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани