Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабијус, во Шангај изјави дека однесувањето на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун е многу опасно.
-Не знаеме која е неговата цел. Дали сака да се наметне на корејската војска или да добие некој вид кредит, за да бара нешто за возврат- изјави Фабијус.
Францускиот министер додаде дека во тек на разговорите со кинеските официјални лица добил впечаток дека тие се загрижени поради состојбата на Корејскиот полуостров.
Елена Георгиевска