Европските земји очекуваат од ЕМА разјаснување во врска со вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави дека европските земји се надеваат дека Европската агенција за лекови (ЕМА) утре ќе достави „неопходно разјаснување“ за да може да се продолжи со употребата на вакцината на „АстраЗенека“.

Италија е една од земјите кои ја прекинаа вакцинацијата со „АстраЗенека“ поради извештаите за појава на крвни згрутчувања кај некои луѓе кои ја примиле оваа вакцина против коронавирусот, иако производителот и меѓународните регулатори наведуваат дека вакцината е безбедна.

Сперанца пред парламентарната Комисија за социјални прашања изрази надеж дека Италија „утре ќе добие одговори од ЕМА, што ќе овозможи продолжување без двоумење на вакцинацијата со „АстраЗенека“.

Тој истакна дека италијанската Влада „има најголема доверба во ЕМА“, како и во Италијанската агенција за лекови.

Досега околу 10 отсто од Италијанците примиле најмалку една доза од вакцините против Ковид-19. Сперанца очекува до јуни да пристигнат околу 50 милиони дози вакцини, вклучувајќи ја и вакцината на Џонсон и Џонсон, а околу 80 милиони дози треба да бидат доставени во периодот меѓу јули и септември.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Ана Ололовска

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот

А1он