Европските производители на оружје изненадени и шокирани, бараат помош од ЕУ

Од:

Европските производители на оружје побараа помош од Европската унија за приспособување на производствениот капацитет во ненадеен скок на побарувачката, истакнувајќи го проблемот со недостигот на работна сила. Велат дека се шокирани од развојот на ситуацијата.

Вооружената индустрија всушност очекуваше земјите од ЕУ да трошат помалку, а не повеќе, за одбрана по една деценија мир во Европа, изјавија во вторникот шефовите на производителите на оружје на состанокот пред собирот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека отвориле дијалог со индустријата и сојузниците за зголемување на производството и надополнување на залихите, пренесе Ројтерс.

НАТО најави зголемување на залихите

Извршниот директор на францускиот производител на оружје Nexter, Николас Шамуси, објаснува дека индустријата морала да одговори на драматичниот скок на побарувачката за воена опрема во ЕУ, а нејзиниот производствен капацитет е дизајниран за мирно време.

Тој им порача на водачите на ЕУ да избегнуваат „повторено фрагментирање на национално ниво“ во трескавична средина диктирана од војна и секоја земја да ги следи своите цели.

„Напротив, овој предизвик мора да се реши на европско ниво“, смета шефот на францускиот производител на оружје, повикувајќи на зајакнување на воените капацитети преку подобра, поефикасна соработка.

Би можело да ве интересира

Истрага за недозволено држење оружје

МВР: Уапсени се двајца дилери од Прилеп, пронајдена е дрога и пушка

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски