Европските пратеници ги обвинуваат САД за „политичка двосмисленост“ кон Украина

Од:

Европскиот парламент ги обвини Соединетите Американски Држави за „политичка двосмисленост“, која, како што велат, ги поткопува напорите за постигнување одржлив мир во Украина. Оваа оценка е содржана во нацрт-резолуција на Европскиот парламент, објавуваат западните медиуми.

– Европскиот парламент ги зема предвид напорите на американската администрација за прекин на конфликтот во Украина, но верува дека политичката двосмисленост на САД во врска со Украина го поткопува постигнувањето одржлив мир, се наведува во документот.

И покрај критиките, европратениците ја нагласуваат потребата од продолжување на соработката со Соединетите Американски Држави и другите партнери кои ги делат истите вредности.

Гласањето за оваа резолуција е закажано за четврток, 27 ноември, во 12 часот по локално време.

„Њујорк тајмс“ неодамна, повикувајќи се на извори, објави дека американскиот секретар на армијата и нов специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп за Украина, Ден Дрискол, на состанок со европски дипломати во Киев, ги повика сојузниците да ја забрзаат работата за мирно решавање на украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Трамп: Изборите во Америка се толку наместени, што не можете ни да замислите

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Москва негира дека пропадна договорот за испорака на дизел за Америка

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран