Европските министри за одбрана се против доставувањето оружје за Украина

Од:

Европските министри за одбрана се огласија против доставувањето оружје за украинската армија, што е знак за потенцијална трансатлантска криза, доколку САД одлучат да и достават оружје на оваа земја.

САД ја разгледуваат можноста за доставување оружје за Украина во борбите против проруските сепаратисти, иако досега не е донесена одлука.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика државите од НАТО да и достават оружје на Украина, но повеќе европски министри за одбрана на вчерашната средба во Брисел се огласија против доставувањето оружје за Украина, стравувајќи дека тоа може да го зајакне конфликтот.

– Повеќе оружје во регионот нема да не доближи до решение и нема да им стави крај на страдањата на населението, изјави германската министерка за одрбана Урсула фон дер Лајен.

Холандската министерка за одбрана Јеанине Хенис Пласхарт изрази увереност дека повеќето сојузници во НАТО, а особено Холандија ќе се залагаат за „несмртоносна поддршка на Украина“. – Политичкиот дијалог е единствениот начин за излез од кризата, рече таа.

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти изјави дека Рим е против доставувањето на смртоносно оружје за Украина.

– Треба да го намалиме интензитетот на кризата, а не да го зголемуваме, рече таа.

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фелоун изјави дека Лондон ќе види што може да стори во однос на обуката и несмртоносното опремување.

Американскиот министер за одбрана Чак Хајгл одби да коментитра дали ја поддржува идејата за доставување одбранбено оружје за Украина.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје