Европскиот суд одлучи дека Гибралтар и Велика Британија може да бидат третирани како една земја членка

Од:

Европскиот суд одлучи дека Гибралтар и Велика Британија можат да бидат третирани како една земја членка во однос на некои аспекти на европското право.

Оваа одлука може да ги урна надежите на прекуморска територија да добие специјален статус по Брегзит..

Европскиот суд требаше да донесе одлука за спорот меѓу Гибралтарската асоцијација за обложување и британските даночни власти, откако во 2014 година Велика Британија воведе такса која компаниите за обложување треба да ја плаќаат за влоговите на британски корисници. Здружението за обложување, кое ги претставува букмејкерите во Гибралтар го оспори тоа, со образложение дека промената во законот води до двојно оданочување и ги крши европските правила кои гарантираат слобода при нудење услуги во Унијата.

Британскиот суд побара мислење од Европскиот суд дали Гибралтар и Велика Британија треба да се третираат како една земја членка на ЕУ, за која европските правила не важат. Судот одлучи дека Гибралтар не е дел од Велика Британија, но дека со оглед на врските помеѓу нив, трговијата меѓу нив не е иста како трговијата меѓу одделни земји членки на ЕУ. Тоа значи дека „понудата на услуги од гибралтарски фирми на лица кои се наоѓаат во Велика Британија, според правилата на ЕУ, е ситуација во која важат ограничувањата се во рамки на една држава“, се вели во одлуката на Европскиот суд.

Судот истакна дека одлуката не треба да се толкува како поткопување на статусот на Гибралтар како посебна територијална единица.

Иднината на Гибралтар, британска енклава во јужниот дел на Шпанија, по се изгледа ќе биде предмет на големи спорови при преговорите на Велика Британија за напуштање на ЕУ и Унијата предлага Шпанија да има право на вето во однос на врските со Гибралтар, забележуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он