Европскиот парламент сака последен да се произнесе за договорот за Брегзит

Од:

Мнозинството во Европскиот парламент инсистира европратениците последни да се произнесат за постигнатите промени во договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ, изјавија на прес конференција претставници на различни политички групи во парламентот, пред почетокот на сесијата во Стразбур.

На утрешната сесија на ЕП предвидено е европратениците да го разгледаат прашањето за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и да да ги изгласаат последните измени во текстот на договорот.

ЕП денеска потсети дека сака да биде последнаата инстанца во веригата за утврдување на постигнатиот договор, доколку пред тоа биде утврден и ставот на мнозинството пратеници во британскиот Парламент, јави БТА.

ЕП е подготвен следната недела да свика вонредна сесија за да го изгласа новиот текст на договорот, иако во меѓувреме тој бил поддржан од британските пратеници.

Според претставниците на ЕП, прашањето за свикување на вонредната сесија е чисто политичко, а од организациска гледна точка нема никакви пречки текстот на договорот да се гласа пред 31 октомври.

Одлуката како ќе се дејствува се очекува да биде донесена подоцна вечерва, на седницата на раководството на ЕП.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески