Европскиот парламент денеска ќе треба да даде зелено светло за договорот за асоцијација со Украина

Од:

Европскиот парламент денеска на пленарната сесија во Стразбур ќе треба да даде зелено светло за договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Украина.

Единствено само политичкиот дел од договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван за неколку недели, бидејќи Киев, Москва и Европската комисија одлучија во петокот да го одложат стапувањето во сила на трговскиот дел од договорот, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

Ова треба да биде историски ден за односите меѓу Укрина и Европската Унија, бидејќи европратениците во Стразбур и пратениците на Украина во Киев симултано ќе гласаат за договорот за асоцијација. И за овој историски момент повеќе да добие на тежина и симболика, двата парламенти се поврзани со видео врска.

Пред гласањето, предвидено за попладнево, европратениците дебатираат за актуелната ситуација во Украина и посебно за случувањата во источните делови на земјата. Во досегашната дебата дојдоа до израз разликите на политичките групи во пристапот кон украинската криза и причините за нејзиниот почеток.

Што се однесува до текстот за кој Европскиот парламент ќе гласа денеска, според известувачот Јачек Сариус-Волски, тој е многу олеснет, поради притисокот кој го изврши Москва.

„Тоа е слабост, тоа е геополитичка грешка, тоа е непотребна отстапка во однос на Русија, и која може да го зголеми рускиот апетит“ – жали Сариус Волски.

„Во 2015 година тие можат да побараат продолжување, тие можат да побараат повеќе права во однос на односите меѓу ЕУ и Украина. Значи тоа е лош преседан“- заклучува известувачот на ЕП.

Економскиот дел од договорот  ќе стапи во сила во 2016 година, иако претходно тоа беше предвидено за идниот 1-ви ноември. Во очекување Киев продолжува да ги користи предностите како намалување на царинските права за производите наменети за европскиот пазар. Ова се реални заштеди ако се споредат со проценките на Европската комисија со создавањето на вистинска зона на слободна размена.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17