Европската комисија ја одобри употребата на вакцината на Модерна

Од:

Европска комисија ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на американската компанија Модерна.

Одлуката на ЕК уследи откако денеска Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцината против Ковид-19 на Модерна за лица постари од 18 години.

Истражувањето спроведено на околу 28.000 луѓе на возраст од 18 до 94 години, кои немале знаци на претходна инфекција, покажува дека вакцината на Модерна е ефикасна 94,1 отсто. Додека нејзината ефикасност кај учесниците со ризик од сериозно заболување од Ковид-19, вклучително и лицата со хронични болести на белите дробови, срцеви болести, дебелина, болести на црниот дроб, дијабетис или ХИВ инфекција, е 90,9 отсто.

Висока ефикасност има и помеѓу половите, расните и етничките групи.

Вакцината на Модерна се дава во две дози во период од 28 дена.

– Вакцината на Модерна е безбедна и ефикасна, објави денеска ЕМА на Твитер.

Во ЕУ досега е одобрена вакцината на Фајзер и БиоНтек, а имунизацијата на населението почна на крајот на декември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Швајцарија ќе уништи 10,3 милиони вакцини против Ковид-19 на Модерна

Ана Ололовска

Модерна планира да ја снабди Кина со вакцини против Ковид-19

А1он

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер