Европската комисија експлицитно ги осуди унгарските владини мерки

Од:

По силните критиките во јавноста, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска експлицитно изрази загриженост за ситуацијата во Унгарија, каде власта ја искористи вонредната состојба за да ја зајакне својата моќ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Фон дер Лајен претходно издаде соопштение во кое ги осуди мерките „во некои земји членки на ЕУ“, но без да ја спомене Унгарија. Критиките во јавноста меѓутоа ја наведоа претседателката денеска да се изрази попрецизно.

Таа рече дека е „посебно загрижена“ за состојбата во Унгарија откако власта усвои пакет „специјални мерки“ за справување со коронавирусот, кои де факто и даваат на извршната власт речиси бесконечна моќ за неодредено време.

– Разбирам дека земјите членки треба да носат вонредни мерки за да се справат со здравствената ситуација, но загрижена сум што некои мерки одат предалеку, и посебно сум загрижена за состојбата во Унгарија, рече фон дер Лајен на прес-конференција попладнево.

Фон дер Лајен нагласи дека ЕК ја набљудува состојбата и повтори дека вонредните мерки мора да бидат стриктно пропорционални на тоа што е потребно и не смеат да бидат временски неограничени.

– И, што е многу важно, тие треба да бидат предмет на редовен мониторинг, додаде претседателката на ЕК.

Би можело да ве интересира

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски