Европската Комисија чека ЕМА да даде став за компликациите со вакцината на АстраЗенека

Од:

Портпаролот на Европската Комисија задолжен за здравство, Стефан Де Керсмакер, на денешниот брифинг за новинари изјави дека за случајот со здравствени компликации во Данска поради вакцината на АстраЗенека ќе се чека ставот на Европската агенција за лекови, ЕМА.

Данска денеска најави дека привремено се суспендира вакцинацијата со АстраЗенека поради сериозни случаи на тромбоза, но дека не се повлекува целосно од процесот со оваа вакцина.

На новинарско прашање дали Европската Комисија им препорачува на другите земји членки на ЕУ да бидат внимателни, портпаролот изјави дека Комисијата чека од Европската агенција за лекови, ЕМА, да даде став.

-Го следиме мониторингот на ЕМА и ќе го следиме нејзиниот став. ЕМА усвои прелиминарен став дека нема индикации дека оваа вакцина води до вакви појави, ќе следиме што ќе каже агенцијата бидејќи е на најдобра позиција за давање научно мислење, изјави портпаролот за здравство.

Би можело да ве интересира

Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Ана Ололовска

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници

ЕМА се надева дека до септември ќе ги одобри прилагодените вакцини за омикрон сојот

А1он