Европарламентот воведе построги казни за кибер напади

Од:

Европскиот парламент денеска усвои нова легислатива со која се предвидуваат построги казни за сторителите на кибер криминал во Европската унија, соопшти прес-службата на Европарламентот.

Новите правила, имаат за цел превенција од кибер напади и зајакнување на улогата на полицијата и меѓусебната соработка. Правилата предвируваат земјите-членки да одговорат на идните барања за соработка во рок од 8 часа.

Проектот за директива бара од земјите во ЕУ да ги усогласат максималните рокови за затворски казни од не помалку од две години за прекршоци, како што се илегален пристап или влез во информативни системи, податоци и комуникации.

Законодавството предвидува казна од најмалкутри години затвор за користење на „botnets“ за далечинска контрола на голем број компјутери преку нивно инфицирање со несакан софтвер.

Нападите врз „важни инфраструктурни објекти“, како електроцентрали, транспортни системи и владини мрежи, може да се казнуваат со петгодишни ефективни законски казни.

Текстот одобрен со 541 глас „за“, 91 глас „против“ и 9 „воздржани“ се очекува да биде официјално одобрен од Советот во краток рок. Новата директива ги надградува правилата, усвоени во 2005 година.

Земјите-членки треба да ги прилагодат кон националните закони во рок од две години од моментот на усвојувањето.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он