Европарламентот сака да ја зголеми употребата на обновливите извори на енергија и заштедата на енергија

Од:

Европратениците гласаа за зголемување на уделот на обновливите извори во вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ на 45 отсто до 2030 година, како дел од прегледот на Директивата за обновлива енергија (РЕД). Оваа цел е поддржана и од Европската комисија во контекст на нејзиниот пакет RepowerE, јави дописникот на МИА.

Законодавството, исто така, дефинира потцели за секторите како што се транспортот, градежништвото, централното греење или ладењето. Во транспортниот сектор, распоредувањето на обновливите извори на енергија се очекува да доведе до намалување од 16 отсто на емисиите на стакленички гасови, преку употреба на зголемен удел на напредни биогорива и поамбициозни квоти за обновливи горива со небиолошко потекло како што е водородот. Се очекува индустријата да го зголемува користењето на обновливите извори на енергија за 1,9 процентни поени годишно, а централното греење за 2,3 поени.

Секоја земја-членка ќе треба да развие два прекугранични проекти со цел да се зголеми зелената електрична енергија. Земјите-членки кои трошат повеќе од 100 TWh годишно ќе треба да развијат една третина до 2030 година.

Европратениците, исто така, усвоија амандмани со кои се бара постепено намалување на уделот на примарното дрво кое се смета за обновлива енергија.

Текстот беше усвоен со 418 гласа за, 109 против и 111 воздржани.

На посебно гласање денеска европратениците ја одобрија ревизијата на Директивата за енергетска ефикасност, која поставува цели за заштеда на енергија и за примарна и за финална потрошувачка во ЕУ.

Европратениците ја забележаа целта на ЕУ за намалување на потрошувачката на примарна и финална енергија: земјите-членки мора колективно да обезбедат намалување на потрошувачката на енергија од 40 отсто до 2030 година за потрошувачка на финална енергија и 42,5 отсто за потрошувачка на примарна енергија во споредба со проекциите од 2007 година. Ова соодветно одговара на 740 милиони и 960 милиони тони еквивалент на нафта. Земјите-членки ќе треба да постават обврзувачки национални придонеси за да се постигнат овие цели.

Овие цели ќе треба да се постигнат преку мерки на локално, регионално, национално и европско ниво, во различни сектори (јавна администрација, градежништво, компании, центри за податоци итн.).

Текстот беше усвоен со 469 гласа за, 93 против и 82 воздржани.

Европратениците и чешкото претседателство со Советот ќе можат да започнат преговори, бидејќи министрите на ЕУ го усвоија својот став минатиот јуни.

На 14 јули 2021 година, Европската комисија го усвои пакетот Fit for 55, кој го прилагодува постојното законодавство за климата и енергијата на новата европска цел, со цел минимално намалување од 55 отсто на стаклени гасови до 2030 година. Еден од елементите на овој пакет вклучува ревизијата на Директивата за обновлива енергија (RED II), која ќе и овозможи на ЕУ да ја постигне оваа цел за 55 отсто. Според сегашната директива RED II, ЕУ мора да обезбеди дека најмалку 32 отсо од нејзината потрошувачка на енергија доаѓа од обновливи извори на енергија до 2030 година.

Пакетот Fit for 55, исто така, вклучува и ревизија на Директивата за енергетска ефикасност (EED), за усогласување на нејзините одредби со новата цел за намалување на стакленички гасови од 55 отсто. Директивата EED моментално го одредува нивото на заштеда на енергија што ЕУ мора да го постигне за да ја постигне договорената цел за 32,5 отсто подобрување на енергетската ефикасност до 2030 година

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите