Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Од:

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) го одложи гласањето по Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, изработен по извештајот на Европската комисија.

Извештајот за Северна Македонија беше петта точка на денешната седница на АФЕТ.

-Точката број 5 требаше да биде гласање за Извештајот за Северна Македонија. Тоа е одложено, па нема потреба да расправаме за тоа сега, рече на седницата претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

Во Извештајот за напредокот за земјава на известувачот на ЕП за земјава, на бугарскиот европратеник Ќучук, изработен по извештајот на ЕК, се поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за интеграција во Унијата, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи.

На документот, во кој 2030 година се споменува како датум кога земјата би требало да ги исполни условите за членство во ЕУ, се поднесени 320 амандмани од кои 50-тина се од бугарски европратеници, кои треба да бидат разгледани од членовите на Комитетот за надворешни работи.

Со своите амандмани, бугарските европратеници се обидуваат во Извештајот да вметнат свои ставови и критики за земјава со оценки за постоење на „говор на омраза“ кон Бугарија и Бугарите, како и за „дискриминација, вознемирување, закани и насилства“ врз припадниците на бугарското малцинство. Меѓу останатите, со овие амандмани се прави обид да се исфрли делот од извештајот во кој се бара преговарачкиот процес да не се злоупотребува за решавање на билатерални спорови, а наместо тоа да се вметне спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија како услов за прием на земјава во ЕУ.

На дневниот ред на денешното заседание на АФЕТ е и гласањето по Извештајот за напредокот на Албанија.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите

Косово доби визна либерализација