ВРЕДИ: Пораката од Стразбур е јасна – Македонија припаѓа во ЕУ

Од:

Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива – стои во соопштението од ВРЕДИ.

– Вреди го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува дека европските институции и понатаму ја гледаат Северна Македонија како дел од европското семејство и како доверлив партнер во регионот.

За Вреди, европската интеграција не е само политичка цел, туку и стратешка и цивилизациска определба која гарантира владеење на правото, функционални институции, економски развој, повисок животен стандард и подобра перспектива за граѓаните.

Веруваме дека патот кон Европската Унија поминува преку вистински реформи, борба против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, ефикасна администрација и транспарентни институции. Токму затоа, ВРЕДИ ќе продолжи да придонесува со одговорност и решителност во исполнувањето на реформската агенда и во унапредувањето на евроинтеграцискиот процес.

Во овој контекст, сметаме дека добрососедските односи, конструктивниот дијалог и почитувањето на европските вредности претставуваат суштински елементи за успехот на овој процес. Вреди стои цврсто на страната на европската интеграција и ќе продолжи да работи за унапредување на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, како стратешка државна цел, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност!

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?