Европарламентот и украинската Рада симултано го изгласаа ССА меѓу ЕУ и Украина

Од:

Европскиот парламент во директна сателитска врска со украинската Врховна Рада, симултано го изгласаа договорот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Украина, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

За договорот, со номинално гласање од 697 европратеници присутни на гласањето, 535 гласаа ЗА, 127 беа против и 35 воздржани. Веднаш по гласањето украинскиот претседател Петро Порошенко го потпиша Договорот, исто како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Пред гласањето Мартин Шулц нагласи дека никогаш немало симултано гласање во два парламенти  „за што можеме да бидеме горди“ – рече тој.

Претходно во воведниот говор, Мартин Шулц нагласи дека станува збор за „историски момент бидејќи два парламенти истовремено ќе гласаат за ист договор, што е израз на слободна демократија, спротивна на диригираната демократија“, пропратен со долг аплауз.

Претседателот на Европскиот парламент притоа се запраша „кој можеше да предвиди дека ќе се менуваат границите со сила, дека ќе се нарушува европската архитектура на безбедност“ – притоа, додавајќи дека „ЕП отсекогаш го бранела територијалниот интегритет на Украина и дека секогаш делува во таа насока“, зацртувајќи ги притоа контурите каква Украина посакува Европскиот парламент и ЕУ.

Украинскиот претседател Петро Порошенко од Киев се заблагодари за поддршката што и беше пружена на Украина.

Тој ја спореди ситуацијата која денеска ја доживува со таа од  1991 – кога Украина се стекна со независноста.

„Кој е подготвен да умре за Европа – тоа е прашањето кое се поствува денес, бидејќи можеби нормално е да се умира за својата држава, но не и за  Европа. Првите стотина Украинци (по настаните на Мајдан) не беа мртви само за нивната земја, туку и за нивното место во Европа“ – нагласи украинскиот претседател,

Притоа тој нагласи дека ниту една  нација не ја плати таа цена за да биде европска држава, поради што и не гледа кој ќе и се спротистави на Украина за  нејзиното место во Европа.

Порошенко пред украинската Рада и ЕП нагласи  дека „Не подлегнуваат на уцени и дека ниту една запирка, ниту еден збор од договорот нема да биде изменет“ и воедно најави дека тој ќе побара спроведување на договорот од страна на украинската влада уште од утре.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17