Европа соочена со двојна терористичка закана

Од:

Европа треба да го зајакне својот арсенал против тероризмот, бидејќи е соочена со двојна закана од масовен напад на Ал Каеда и активностите на радикализирани групации, предупредија неколку европски извори.

– Ал Каеда е ослабната, но може да посака да организира напад врз Западот, за да покаже дека постои. Ова стравување го имаат голем број разузнавачки служби и конкретно британската МИ5, изјави извор запознат со ова прашање, јави БТА.

– Најголемата опасност сепак доаѓа од изолирани терористички дејствија, бидејќи нивното откривање е мошне сложено, истакна францускиот европратеник Арно Данжан, кој е поранешен разузнавач.

Шестнаест денови по нападот во Париз и една недела по специјалната операција во Белгија против терористите, кои подготвувале напади, Данжан е уверен дека тоа ќе се случи повторно.

Околу 30 отсто од над три илјади Европејци, кои се приклучиле кон терористичките исламистички движења во Сирија и Ирак се вратиле во своите држави.

– Проблемот со Исламска држава не е дека таа спонзорира некого, туку дека таа всушност „инспирира“ многумина, додаде Данжан.

Би можело да ве интересира

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски