Европа штрајкува против мерките за штедење

Од:

Шпанските и португалските синдикати организираа генерален штрајк.

Некои се плашат од „грчкото сценарио“, додека другите сметаа дека на Шпанија и е потребен нов радикален почеток.

Синдикатите се договориле дека јавниот превоз ќе работи минимално, аеродромите, системите за комуникација, здравствените служби и итните служби ќе работат како да е државен празник.

Штрајкови ќе има во Италија, Грција, Малта и во грчкиот дел од Кипар.

На повик на Конфедерацијата на европски синдикати под наслов Европски ден на солидарноста и протести, демонстрации ќе се одржат во 23 држави.

Протести против строгите мерки за штедење ќе има и во Германија, Белгија, Франција и Полска.

И додека според Европската комисија растот во еврозоната најверојатно ќе остане на „мртвата“ точка +0,1 отсто во 2013 година, ММФ предупреди дека политиката на строги ограничувања, водена од повеќе земји, крие опасност да не издржи од „политичка и социјална гледна точка“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија