Европа, единствен избор за иднината

Од:

Глас Српске – Бања Лука

Во време на глобални предизвици кои бараат посветеност на сите повторно обединети континенти е стратешко вложување во мирот, безбедноста и демократијата.

Тоа е дух, кој не анимираше на самитот во Трст. Според заклучоците што Европскиот совет ги усвои во март оваа година и Декларацијата донесена по повод 60-годишнината од потпишувањето на Римските договори, потврдивме дека вратата на Европа останува отворена за земји кои ги делат нејзините вредности и дека ќе направиме се што е во наша моќ да ги испратиме европските процеси во земјите на западен Балкан.

Од нашите балкански пријатели бараме силно да се определат за консолидација на своите демократски институции, спроведување на владеење на правото и развој на модерни и конкурентни стопанства. Треба да се надминат внатрешните поделби и обвинувањата од минатото и неповратно да се избере Европа. Само преку дијалог и силна посветеност на помирувањето, може да се гледа во иднината со оптимизам. Нема повеќе дилеми, сега е време да се направи избор.

Самитот во Трст е четврти чекор, по Берлин, Виена и Париз, во процесот кој почна со далекувидоста на канцеларката Меркел, во давањето на поттик на демократската, економска и општествена транзиција на западен Балкан. Веруваме дека моќта во трансформациите на овие механизми е уште многу жива. Резултатите од Самитот тоа ќе го потврдат.

Очекуваме нови инфраструктурни проекти во енергетскиот и транспортниот сектор, што би донело отварање на нови градилишта во текот на оваа година, во рамки на проекти кои се одобрени на претходните самити, нудејќи видлив доказ за финанска обврска која ќе достигне вкупно половина милијарда евра.

Понатаму очекуваме продлабочен процесот на регионалната економска интеграција во светло на ослободување на потенцијалот на пазарот кој се состои од 20 милиони луѓе, воспостави транспортна заедница, создавајќи така еден интегриран простор, во смисла на техничките стандарди и прописи, унапреден развој на приватниот сектор во целина и посебно на малите и средни претпријатија и зајакнати капацитети за превенција и спречување на корупцијата.

На симболичната 30-годишнина на Програмата Еразмус, имаме проширените можности кои им се нудат на новите генерации, благодарение на исто така целосната функционалност на Канцеларијата за регионална соработка на младите.

Понатаму, ќе поставиме темели за посилна соработка во борбата против тероризмот и радикализацијата и во соочување со неконтролираните миграциски текови со кои раководат криминални групи.

Ова се значајни чекори кои сведочат за нашата определба да ги пратиме земјите на западен Балкан на пат кон основната цел, целта на европските интеграции, но исто така покажуваат и зголемена желба на балканските земји да ја преземат својата иднина во свои раце. Трст има намера да даде сигнал на конкретен оптимизам на патот кон заедничката судбина.

Автор: Анџело Алфано, италијански министер за надворешни работи

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ