Еврокомисијата ќе почека со реакција на иранското збогатување ураниум

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека ќе го чека мислењето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пред да реагира на најавата на Иран дека започнал со збогатување на ураниум до 20 проценти, што веќе го осуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Доколку Техеран навистина започнал да збогатува ураниум на нивоа над 20 проценти, што е далеку над 3,67 утврдени со договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили, тоа би било „значително напуштање“ на обврските преземени со тој договор, рече портпаролот Питер Стано во Брисел.

Дека Иран започна со збогатување на ураниум на тоа ниво, претходно соопшти портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, велејќи дека тоа започнало „пред неколку часа“ во подземната нуклеарка Фордо, пренесе агенцијата ДПА.

Овој потег ќе има „сериозни импликации за неширењето на оружјето“, рече Стано, портпарол на надворешните работи на Европската комисија.

Тој потсети „на важноста да се избегнат какви било чекори што ќе го поткопаат нуклеарниот договор“.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека враќањето на Иран на збогатување ураниум од 20 проценти има за цел развој на нуклеарно оружје и дека Израел никогаш нема да дозволи Техеран да го произведува. Нетанјаху во соопштение наведе дека иранската одлука за збогатување може да се објасни само како обид за продолжување на спроведувањето на намерата за развој на воената нуклеарна програма.

Нетанјаху додаде дека Израел нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје.

На 1 јануари Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека била информирана дека Иран планира повторно да збогатува ураниум до 20 проценти во Фордо.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел