Еврејски доселеници нападнаа американски претставници

Од:

Еврејските доселеници денеска ги нападнаа конзуларните претставници на САД за време на посетата на Западниот Брег за да ги истражат тврдењата за нанаесената штета на палестинските земјоделци, соопшти израелската полиција.

Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд истакна дека доселениците фрлале камења врз конзуларните претставници кои пристигнале со две конзуларни возила за да ги испитаат палестинските тврдења дека доселениците вчера исекле десетина маслинови дрва. По инцидентот конзуларните претставници заминале.

Американскиот конзулат во Ерусалим не го коментираше инцидентот.

Доселениците често се спротиставуваат на мешањето во нивните работи, но ова е прв физички напад врз конзуларни претставници.

Би можело да ве интересира

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски