ЕУ: Шест месеци за одлуката за заедничка агенција за контрола на границите

Од:

Лидерите на Европската унија одредија рок од шест месеци за одлуката дали ќе продолжат со планот за формирање на заедничка агенција за контрола на границите.

Планот за граничната и крајбрежната стража треба да ги заштити надворешните граници на ЕУ во земјите како Грција и Италија, чии капацитети се оптоварени со големиот број мигранти.

Во соопштението од самитот, лидерите на Унијата им наложиле на министрите итно да го испитаат тој план и за него да одлучат до 30 јуни на последната дебата за тоа прашање, која потенцијално може да ги разбуди разликите меѓу членките.

Новата агенција би можела да има постојан резервен состав од најмалку 1.500 припадници, кои би можеле да бидат упатени на граничните премини на ЕУ во рок од три дена, наместо да се потпира на повиците на поединечни држави да испратат волонтери во итни ситуации.

За некои членки таквите планови допираат во сржта на националниот идентитет, односно во правото на државата да одлучи кој и што може да биде распоредено на нејзина територија. За ова прашање загриженост изразија особено Грција, Италија, Хрватска и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне