ЕУ: Северна Кореја е закана за меѓународната заедница

Од:

Последната во низата ракетни проби на Северна Кореја е закана за соседните држави, за регионот и за целата меѓународна заедница, се наведува во изјавата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Таа наведе дека Пјонгјанг ги прекршил своите меѓународни обврски. Могорини наведе дека ЕУ е во директен контакт со Јапонија, Јужна Кореја и регионот. Високата претставничка побара Пјонгјанг веднаш да ги прекине своите провокации и нуклеарните и ракетните програми.

Могерини истакна дека новите санкции од Советот за безбедност на ОН ја покажуваат едногласноста во оценката за неприфатливоста на однесувањето на Северна Кореја. Таа прецизираше дека ЕУ подготвува нови, сопствени, санкции против Пјонгјанг и оти Унијата ќе ја забрза нивната подготовка по синоќешната нуклеарна проба.

Шефицата на европската дипломатија оцени дека меѓународната заедница досега покажала воздржаност и изрази надеж дека тоа ќе продолжи. Воедно, таа очекува да се продолжи со притисокот врз Северна Кореја, со што ќе се отвори пат кон политички дијалог и отстранување на севернокорејското атомско оружје преку мирни средства.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Твитер напиша дека последната ракетна проба на Северна Кореја претставува ново кршење на резолуциите на ОН и закана за мирот и безбедноста во светот. Според него, овие дејства бараат глобален одговор.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он