ЕУ се соочува со опасноста од прекин на испорака на рускиот гас

Од:

Европа се соочува со потенцијална криза кон средината на месецов, кога државите од Европската Унија ќе треба да ги отрфлат барањата на Москва, плаќањето за гориво да се врши во рубљи, иако немаат алтернативни решенија во врска со гасот, предупреди Брисел, јави Гардијан.

Во текстот се цитира еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон, која изјави дека барањата на Кремљ треба да бидат отфрлени и покрај ризиците од прекини во снабдувањето, во време кога недостигот, не може да се надомести.

Минатата недела, „Газпром“ ги прекина испораките на гас за Полска и за Бугарија. Следуваше предупредување дека истата судбина може да ја имаат и други земји, доколку тргнат по патот на Варшава и Софија.

– Во средината на мај, многу европски енергетски компании треба да ја извршат следната исплата на „Газпром“, па се обидуваат да го најдат најдоброто решение за тоа што да сторат, затоа треба да им се објасни, дека плаќањето во рубљи преку механизам за конверзија, управуван од руските власти и втора специјална сметка во „Газпромбанк“, значи прекршување на санкциите и не можат да се прифатат, истакна Симсон.

Минатата година, во Европската Унија од Русија имало околу 45 отсто од увозот на гас во ЕУ и речиси 40 од вкупната потрошувачка на гас, потсетува Гардијан.

Следното плаќање за гас од европските енергетски компании е на 20 мај.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов