ЕУ се придружува кон повикот на ОН за глобален прекин на огнот за време на пандемијата

Од:

Европската Унија го поддржува повикот на генералниот секретар на Обединетите Нации за глобален прекин на огнот додека трае борбата против пандемијата на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Борбата против оваа глобална пандемија, која одзема толку многу животи и претставува предизвик за функционирањето на нашите општества, е предизвик без преседан кој бара глобално единство, соработка, солидарност и сочувствување, стои во соопштението на европската дипломатска служба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика да се положи оружјето секаде во светот додека трае оваа здравствена криза.

Европската унија предупредува дека пандемијата само може да ги влоши воените кризи во светот.

-Сега, повеќе од било кога, е време да се согласиме за светско примирје, да ги прекинеме сите вооружени конфликти и веднаш да престанат борбите, повикува ЕУ.

Унијата итно бара од сите страни инволвирани во конфликт да се свртат кон политичко решение и целосно да ги почитуваат начелата на меѓународното хуманитарно право, и со тоа да овозможат непречен пристап до хуманитарната помош, посебно во контекст на пандемијата.

-Сега е време за меѓународна солидарност, сега е време да се посвети сета енергија и ресурси за борба против овој заеднички предизвик – коронавирусот. Време е да се фокусираме на глобалното здравје, повикува ЕУ.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он