ЕУ се обидува да постигне договор за Гибралтар пред најавениот Самит

Од:

Преговарачите на ЕУ се состанаа денеска со цел отстранување на последната пречка пред самитот в неделата на кој треба да се одобри нацрт-договорот за Брегзит, но противењето на Шпанија во однос на Гибралтар може да го доведе во прашање финалниот текст.

Шпанија ја бара измени на нацрт-договорот за Брегзит и бара изјави за идните односи со цел да биде јасно дека каква било одлука за спорната британска прекуморска територија Гибралтар да се донесе само во директни преговори со Мадрид.

– Ние работевме напорно и постигнавме договор со шпански колеги за улогата на Гибралтар во процесот на Брегзит, изјави денесла претседателот на Владата на Гибралтар Фабијан Пикардо.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера предупреди дека ќе гласа против договорот Брегзит ако текстот не се промени. Мадрид сака во договорот да биде внесено дека Шпанија ќе има право да стави вето на идните преговори за Гибралтар, британска енклава во јужниот дел на Шпанија, над која Мадрид бара суверенитет.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ