ЕУ разгледува олеснување на санкциите за реоните под контрола на бунтовниците во Сирија

Од:

Европските влади веројатно ќе ги олеснат санкциите кон реоните под контрола на бунтовниците во Сирија, соопштија европски дипломатски извори.

Меѓу олеснувањата е отстранување на ембаргото за увоз на нафта, а целта на мерката е да се промени балансот во конфликтот против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Германија веќе предложила санкциите за териториите под контрола на бунтовниците да бидат преразгледани и евентуално укинати во наредните неколку месеци. Тоа би овозможило на ЕУ да ја обнови трговијата со тие реони и да им обезбеди на бунтовниците извор на средства.

– На реоните кои се под контрола на опозицијата, треба да се обезбеди стабилност, барем што се однесува до економската ситуација во нив, изјави дипломат кој побара анонимност.

Засега конкретни разговори во ЕУ на таа тема не се водени, но според други дипломатски извори идејата не наидува на отпор и уште во март ќе бидат закажани консултации.

Актуелните санкции против Сирија вклучуваат забрана за увоз на сириска нафта во ЕУ – што му носеше значителни приходи на режимот – како и ембарго за оружје и забрана за инвестиции во сирискиот енергетски сектор.

Во февруари бунтовниците ги презедоа провинциите Хасака во источниот дел на земјата, населена со Арапи и Курди, каде се добива поголем дел од нафтата во Сирија.

ЕУ е и главниот донатор на хуманитарна помош за Сирија, при што досега се одделени 300 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов