ЕУ разгледува нацрт-заклучоци за заштитата и безбедноста на новинарите

Од:

Работната група за аудиовизуелни и медиумски содржини на Советот на ЕУ расправаше за нацрт-заклучоците за заштитата и безбедноста на новинарите составени од француското претседателство со ЕУ по повод Светскиот ден на слобода на печатот 3 мај, пренесе Бета.

Според бриселските медиуми, документот повикува на редовни дискусии на оваа тема во рамките на постоечките пилот проекти и подготвителни акции за поддршка на слободата и плурализмот на медиумите на Европскиот медиумски форум за вести и евалуација.

Покрај тоа, во нацртот бара дополнително финансирање за независното новинарство и истражувања.

Исто така, се повикува на поддршка за реализација на проекти поврзани со заштита на новинарите кои припаѓаат на малцинските групи, унапредување на безбедноста на Интернет и финансирање на школи за новинарство.

Во контекст на руската инвазија врз Украина, се истакнува важноста да им се помогне на новинарите и медиумските работници кои работат во Украина во финансиска, правна и професионална смисла. Се додава дека е неопходно да им се помогне на новинарите во егзил од Украина, Белорусија и Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ