ЕУ: Предлозите на Камерон се делумно спроведливи, делумно тешко применливи, а делумно многу проблематични

Од:

Предлозите на британскиот премиер Дејвид Камерон за реформата на ЕУ, што се преточени во писмо до претседателот на Европскиот совет Донадл Туск, ЕК денеска ги подели во три групи и ги оцени како: спроведливи, тешки за применување и многу проблематични, јави БТА.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопшти дека од британскиот премиер Дејвид Камерон и официјално го добил најавеното писмо со барањата за реформи во ЕУ, пренесоа британските медиуми.

„Имаме потврда за прием. Со писмото на Камерон преговорите… сега може да почнат“, напиша Туск на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет дополни дека следната недела ќе почнат билатералните консултации со владите на останатите 27 држави членки на ЕУ.

Меѓу најпроблематичните барања на Камерон ЕК ги оцени намерата за „директна дискриминација меѓу граѓаните на ЕУ“ по однос на контролата врз миграцијата, со која на мигрантите од ЕУ нема да им се дозволува да користат некои од социјалните бенефиции во првите четири години од нивниот престој во Велика Британија. Оваа намера ЕК ја оцени како посегнување врз слободата на внатрешниот пазар на ЕУ.

Комисијата како тешко применива ја оцени намерата за разделување на пристапот во заедничката политика кон државите од еврозоната и оние кои не се во монетарната унија. Камерон инсистира на заштитата на земјите кои не се дел од еврозоната.

ЕК како применлива ја оцени намерата за повеќе власт на националните Парламенти, со која тие ќе можат да го отфрлаат законодавството на ЕУ.

Според ЕК, писмото на Камерон до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со овие предлози и неговиот денешен говор се почетокот , а не крајот на преговорите.

Камерон денеска го потврди свикувањето на референдум во 2017 година во Велика Британија за прашањето за останувањето на земјата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија