ЕУ повикува на заштита на детските права

Од:

Европската унија, по повод 12 јуни, Светскиот ден за борба против детскиот труд, посочува дека 152 милиони деца се жртви на детската работа ширум светот и повикува на заштита на детските права.

– ЕУ и натаму ќе биде лидер во борбата за правата на децата ширум светот со цел да изгради подобра сегашност и подобра иднина за младите генерации, наведува Европската комисија.

ЕК и шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, во соопштение по повод Денот за борба против детскиот труд, наведуваат дека во светот има дури 152 милиони деца кои се жртва на детската работа и на кои им е ускратено правото на образование и сигурен животен простор.

– Европската унија, заедно со своите меѓународни партнери, по повод овој ден, ја повтори својата цврста определеност за одбрана на човековите права на секое дете, се наведува во соопштението.

Годинава се одбележуваат 30 години од Конвенцијата на ОН за правата на детето и 20 години од Конвенцијата на Меѓународната организација за работа за најлошите форми на детски труд.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он