ЕУ повика на тестирање на aмериканската пченица

Од:

Европската унија ги повика денеска 27-те земји членки да вршат тестирање на пченицата од САД, откако во Јапонија беa откриено недозволено генетски модифицирани житни култури.

Јапонските власти вчера го запреа увозот на одредени видови пченица од САД, откако беа откриени генетски модификувани видови житни култури.

Канцеларијата за заштита на потрошувачите од ЕУ денеска соопшти дека производите што на тестирањето ќе се покажат како позитивни, не смеат да бидат продавани во согласност со „нулта толеранцијата“ на ЕУ кон генетски модифицираните житни култури.

ЕУ, исто така, соопшти дека работи на добивање дополнителни информации од страна на американските власти. ЕУ годишно увезува над милион метрички тони американска пченица.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Како помош за африканските земји, Русија испорача 200.000 тони пченица