ЕУ повика на борба против хомофобијата

Од:

Европската унија, денеска на Меѓународниот ден на борба против хомофобијата, повика на акција против дискриминацијата и насилството над хомосексуалците.

Извештајот на Европската унија покажува дека речиси две третини од геј популацијата ширум ЕУ живеат во страв.

Директорот на Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (ФРА) Мортен Кјаерум истакна дека неопходни се акции за „уривање на бариерите, елиминирање на омразата и креирање на општество во кое секој ќе може целосно да ужива во своите права“.

– Стравот, изолацијата и дискриминацијата се секојдневни појави за ЛГБТ заедницата во Европа, се наведува во извештајот.

Истражувањето спроведено онлајн, при што биле испитани 93.000 луѓе кои живеат во земјите-членки на ЕУ и плус Хрватска, покажува дека 26 отсто од испитаниците биле физички или вербално нападнати во последните години.

Трансексуалците се посебно погодени и 28 проценти изјавиле дека во последните 12 месеци биле нападнати или им се заканувале повеќе од трипати.

– Ситуацијата е полоша денес отколку од пред четири години, се посочува во извештајот на ФРА.

Две третини од испитаниците изјавиле дека се плашат во јавност да ја покажат својата сексуална ориентација, а дискриминацијата често почнува во училиште.

Обединетите нации покренаа образовна кампања, во која генералниот секретар Бан Ки-мун и порачува на светската ЛГБТ заедница „Не сте сами“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија