ЕУ покрена процес против Полска пред Европскиот суд на правдата

Од:

Европската комисија денеска реши да покрене постапка против Полска пред Европскиот суд на правдата, поради начинот на кој полскиот Парламент пристапи кон судските реформи.

Европските власти, предводени од полскиот претседател на Европскиот совет Доналд Туск, ја обвинуваат актуелната полска Влада дека именувала политички поддржувачи во Врховниот суд, и разрешила судии предложени од претходната влада, која беше под контрола на партијата на Туск. Варшава ги негира обвинувањата и тврди дека претходните судии биле именувани спротивно на законот и затоа биле разрешени.

Комисијата донесе одлука да ја покрене оваа постапка против Полска уште на почетокот на неделава, но го одложи нејзиното објавување за тоа да не влијае лошо на неформалниот самит на ЕУ во Салцбург. Освен Полска, на удар на Брисел е и Унгарија, против која Европскиот Парламент неодамна препорача да се покрене процедура со која Унгарците може да останат без правото на глас во ЕУ.

Брисел исто така решил да испрати ново предупредување до Британија, од која се бара да плати 2,7 милијарди евра поради нерегуларности во увозните процедури.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне