ЕУ подготвува список на безбедни земји за сместување на економските мигранти

Од:

Советот на министри за надворешни работи на земјите од Европската унија почна да подготвува список на безбедни земји, во кои мигрантите нема да добиваат статус на бегалци во ЕУ, пренесе ТАСС.

По синоќешната вонредна средба на шефовите на дипломатиите, луксембуршкото ротациско претседателство на Унијата соопшти дека ЕУ ќе формира заеднички список на безбедни земји. Подготвителната работа ќе заврши до крајот на октомври. На списокот на прво место ќе бидат вклучени сите земји кандидати за членство во ЕУ – земјите од Западен Балкан.

Миграциските служби на државите од ЕУ и сега имаат такви списоци, но тие се различни во одделни земји. По соствувањето на заедничкиот список ќе се поедностави процесот на сместување на нелегалните мигранти за да се одделат бегалците  од регионите на војни и конфликти, кои ЕУ може да прифати, од економските мигранти, кои ќе бидат враќани во безбедните земји на потекло, посочува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне