ЕУ остава прстор за договор, ги одложува контрамерките против САД до август

Од:

Европската Унија ќе ја продолжи суспензијата на контрамерките против американските царини до почетокот на август за да се овозможи простор за договор во трговскиот спор со Соединетите Американски Држави, изјави во претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата дополнително ја ескалираше глобалната трговска војна и се закани дека ќе воведе царина од 30 проценти на увозот од Европската Унија од 1. август, без оглед на секторските мерки, и покрај месеците интензивни преговори.

Најавувајќи го продолжувањето на суспензијата на контрамерките, Фон дер Лајен рече дека Унијата „ќе продолжи да подготвува дополнителни контрамерки за да биде целосно подготвена“.

Првиот сет контрамерки против американските царини за челик и алуминиум беше суспендиран во април за 90 дена за да се овозможат преговори. Суспензијата требаше да истече в понеделник.

Втор пакет мерки е во подготовка од мај и е насочен кон стоки од САД во вредност од 72 милијарди евра, но мерките сè уште не се јавно презентирани и конечниот список мора да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.

Фон дер Лајен додаде дека употребата на европскиот инструмент за борба против принудата засега не е на маса.

„Овој инструмент е дизајниран за вонредни ситуации и сè уште не сме во таа фаза“, рече таа.

Инструментот ѝ овозможува на ЕУ да преземе контрамерки против трети земји кои вршат економски притисок врз земјите-членки да ги променат своите политики.

Можните контрамерки вклучуваат ограничување на пристапот до стоки и услуги на ЕУ, како и други економски мерки поврзани со странски директни инвестиции, финансиски пазари и контрола на извозот.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

Трамп: Јас само ги следам упатствата на Тајната служба и војската

Трамп: Можеби сум најважниот претседател во историјата на САД

(РЕКОНСТРУКЦИЈА) Трамп ја призна замената, го префрлиле со камион за храна од еден во друг авион

Судијка ја прошири забраната за уредбата Трамп за гласање по пошта на цела САД

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На аеродромите се чека двојно подолго: „Само Европејците би измислиле вакво ср*ње“

Катерина Ѓуровски