ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Од:

Астра Зенека денеска соопшти дека Европската комисија го одобрила нејзиниот лек Сафнело (Saphnelo) како дополнителна терапија за третман на возрасни пациенти со умерена до тешка форма на системски лупус еритематозус (СЛЕ).

Одобрувањето следи по препораката на Комитетот за лекови за хумана употреба при Европската агенција за лекови во декември 2021 година.

Сафнело, исто така, доби регулаторно одобрение во САД, Јапонија и Канада за третман на СЛЕ, а регулаторните ревизии се во тек и во други земји.

Системскиот лупус еритематозус е сложена автоимуна состојба која може да влијае на кој било орган, а пациентите често доживуваат несоодветна контрола врз болеста, долгорочно оштетување на органите и лош квалитет на живот поврзан со здравјето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

Би-Би-Си: Групна постапка против компанијата AstraZeneca поради „неисправна“ вакцина

ЕУ го одобри Евушелд на Астра Зенека за лекување на Ковид-19

А1он

Лекот на Астра Зенека за лекување на рак на дојка одобрен во ЕУ

Модерна и Астра зенека прават вакцини против омикрон

Три дози од вакцината Астра Зенека се ефикасни против Омикрон

Катерина Ѓуровски