ЕУ обезбеди 50 милиони евра помош за сириските бегалци во Јордан

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека ќе обезбеди на Јордан дополнителни 50 милиони евра за потребите на сириските бегалци.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, за време на денешната посета на Аман, изјави дека ЕУ е свесна за притисокот со кој се соочуваат јорданските власти поради приливот на бегалците.

Половина од средствата за помош ќе бидат наменети за поддршка на училиштата, каде се прифатени децата на сириските бегалци во Јордан. Останатите средства ќе бидат наменети за обезбедување хуманитарна помош во следните месеци. Дополнителни пет милиони евра ќе бидат обезбедени преку УНИЦЕФ за најмалите деца во бегалските кампови во земјата.

Од почетокот на кризата во Сирија, ЕУ за Јордан обезбеди 137 милиони евра помош. До крајот на мај на јорданска територија се прифатени 489.000 Сиријци, чиј број се повеќе се зголемува и веќе надминува осум проценти од локалното население. До крајот на годината јорданската Влада очекува бројот на сириските бегалци да достигне еден милион.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија