Европската унија денеска ја извести Северна Кореја дека состојбата во азиската држава не бара евакуирање на дипломатскиот перснал од земјите на ЕУ независно од зголемените тензии на Корејскиот Полуостров.
Писмото од име на ЕУ било доставено во Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг од претставник на Шведска.
Писмото е одговор на минатонеделното предупредување од Северна Кореја, дека по 10 април нема да може да ја гарантира безбедноста на странските дипломати.
И покрај зголемените тензии, кога Северна Кореја се обидува да ја интензивира агресивната реторика, ние оценуваме, дека ситуацијата не бара евакуација или преместување на дипломатските мисии во Северна и Јужна Кореја, истакнуваат од ЕУ.
Унијата апелира до Пјонгјанг да се воздржи од „нови провокативни изјави и акции“.