ЕУ не гледа многу докази за намалување на мигрантите, откако Турција ја потпиша спогодбата

Од:

Европската унија не забележува многу докази дека Турција успеала да го намали заминувањето на мигрантите на грчките острови во периодот од две недели, откако ја потпиша спогодбата, согласно која треба да го стори тоа, се наведува во денеска преставениот извештај на ЕУ.

Во извештајот на Владата на Луксембург, кој е актуелен претседавач на ЕУ, се нагласува дека околу четири илјади лица дневно пристигнуваат од Турција, откако на 29 ноември беше потпишана спогодбата, што е незначително намалување во однос на пет илјади до шест илјади лица кои пристигнуваа во ноември.

Извештајот е испратен до европските лидери вчера пред самитот денеска во Брисел, на кој ќе бидат разгледувани начините за справување со мигрантската криза.

Согласно спогодбата од 29 ноември Брисел ќе и отпушти на Анкара три милијади евра во следните две години за да е справи со сириските бегалци, а во замена Турција ќе помогне во стопирањето на мигрантскиот проток кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне