ЕУ ќе одлучува за воведување нови санкции кон Русија

Од:

Европскиот совет денеска ќе одлучува за нов пакет санкции спрема Русија што во голема мерка зависи од почитувањето на договорениот прекин на огнот во Украина.

Претсеатделот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј изјави синоќа дека ЕУ ќе ја преиспита одлуката за заострување на санкциите спрема Русија доколку прекинот на огнот во Украина се одржи и почнат мировни преговори.

– Забележавме дека Русија е подготвена за сериозни разговори. Прекинот на огнот е важен чекор, но тоа е само еден чекор, изјави Ромпуј за белгиски медиуми.

– За да зголемиме притисок врз Русија наметнавме санкции во фази. За време на последната седница на ЕС тоа го забрзавме, а ќе се конкретизира следната недела. В понеделник тоа официјално ќе го одобрат шефовите на влади, истакна Ромпуј.

Според него, ако прекинот на огнот „биде траен и доколку почнат мировни преговори“, ЕУ ќе ги преиспита санкциите.

Новиот пакет санкции што во петокот го утврдија во ЕУ, вклучува поголеми ограничувања за Русија на пазарите за капитал, се однесува на одбраната, а проширен е и списокот со имиња на луѓе чиј имот ќе биде блокиран и на кои ќе им биде забрането издавање визи.

Русија предупреди дека ќе реагира соодветно ако бидат воведени нови санкции од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија