ЕУ ќе ја санкционира Сирија

Од:

Европската унија одобри денеска нов пакет санкции против Сирија. Замрзнати се сметките на уште 28 приврзаници на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на две нови компании, а на одредени физички лица им е забранет влез во ЕУ, изјави дипломатски претставник.

Одлуката беше донесена на средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.

Со новите санкции црната листа на ЕУ вклучува 151 лице, кои се блиски до режимот во Дамаск, 54 трговски здруженија и административни структури. Имињата на лицата кои се опфатени со најновата одлука и на компаниите нема да бидат објавени, пред утре да бидат објавени во официјалното издание на Унијата.

Двете нови компании, кои денеска беа вклучени на листата се осомничени дека купувале оружје и опрема, кои може да се користат за репресии, додаде дипломатскиот претставник.

Денеска усвоените санкции утре ќе стапат во сила. Тие вклучуваат забрана да се обезбедуваат преку трети држави доставки на оружје за Дамас преку воздух и вода.

ЕУ ќе им забрани на своите граѓани и организации да купуваат оружје од Сирија, да ги превезуваат до трети држави или да обезбедуваат таков товар.

Унијата веќе воведе ембарго на доставките на оружје за Сирија и на купувањето сириска нафта.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски