ЕУ ќе бара границата меѓу Северна Ирска и Ирска да остане отворена и по Брегзит

Од:

Европската комисија денеска ги утврди своите принципи за политичкиот дијалог за Ирска и Северна Ирска во преговорите со Велика Британија за Брегзит.

Според денеска објавените документи на Еврокомисијата, Договорот од Велики петок меѓу Белфаст и Даблин, а за слободно преминување на граничната линија меѓу Северна Ирска и Република Ирска, според официјален Брисел треба да продолжи да биде заштитен и зајакнат во сите негови делови и по повлекувањето од Обединетото Кралство од Европската унија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според главниот преговарач на ЕУ со Британија, Мишел Барние, се очекува да се признае и продолжувањето на Заедничката патна област. А, во исто време Европската комисија, денеска објави и уште четири други позиции на Брисел во однос на царината, интелектуалната сопственост, јавните набавки и користењето на податоците. Сите четири документи се однесуваат на уредно повлекување на Велика Британија од Унијата и имаат за цел да обезбедат правна јасност на датумот на британското повлекување.

– Документот за царината го објаснува статусот на стока што циркулира на единствениот пазар за време на повлекувањето. Што се однесува до јавните набавки, тековните постапки во моментот на повлекување треба да продолжат да бидат опфатени со правото на ЕУ. За прашањата на интелектуалната сопственост, ставот на Европската унија е да им даде сигурност на носителите на правото и на оние кои ќе бидат во процес на стекнување права во моментот на повлекување. Документот за употреба на податоци гарантира дека податоците обезбедени од Велика Британија пред нивното повлекување дека ќе бидат соодветно заштитени, нагласи Барние.

Согласно политиката на транспарентност на Европската комисија сите документи се објавени на веб-страницата на неформалната Влада на Европската унија и истите ќе бидат дискутирани на Работната група на Советот (според член 50 од Договорот на ЕУ) и целосно е во согласност со мандатот што се доставува до Комисијата со насоките на Европскиот совет и преговарачките директиви на Советот.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден