ЕУ ја повикува Северна Кореја да им се врати на преговорите

Од:

Северна Кореја мора да престане да ја зголемува тензијата и наместо тоа повторно да започне дијалог со меѓународната заедница, порача денеска ЕУ откако Пјонгјанг соопшти дека е подготвен да изврши нуклеарен напад врз САД.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон истакна дека жали поради соопштението на Пјонгјанг дека повторно ќе го отвори нуклеарниот реактор Јонгбјон, од каде добива плутониум потребен за својата нуклеарна програма.

Ваквата одлука претставува „јасно кршење“ на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и на обврските преземени во 2007 година кога Северна Кореја се согласи за затворање на реакторот во шестостраните разговори за денуклеаризација, на кои учествувале и Кина, Русија, САД, Јапонија и Јужна Кореја.

– Постојаното кршење на прифатените меѓународни обврски, што се заканува со нестабилност во регионот, обврзно ќе доведе до еден посилен одговор на меѓународната заедница, истакна Ештон во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња