ЕУ ја повикува јавноста да се изјасни за предлозите на Гугл

Од:

Европската комисија ја повика денеска јавноста да се изјасни за предлозите на американскиот гигант Гугл, чија цел е да се отстранат сомнежите на Брисел дека оваа компанија ја злоупотребила доминантната пазарна позиција.

Комисијата соопшти дека мислењето на јавноста ќе биде земено предвид при донесувањето на одлуката за предлозите на Гугл. Во соопштението на Комисијата се наведени најголеми грижи, а првата е таа што при пребарувањето Гугл ги фаворизира сопствените линкови и производи.

Гугл без согласност користел оригинални содржини на други сајтови, принудувајќи ги така страниците „сите или повеќето од своите реклами на Интернет да ги купат од таа компанија“, нагласи ЕК.

Гугл применувал и договорни органичувања на преносливоста на рекламните кампањи во интернет пребарувањата, додава Комисијата.

– Оваа пракса може да им наштети на клиентите, бидејќи им се намалува изборот и се ограничуваат иновациите во секторите специјализирани за услуги на пребарување и Интернет рекламирање, соопшти Комисијата.

Гугл меѓутоа денеска понуди предлози за решавање на овој проблем, а еден од нив е на период од пет години да се означат линковите, кои водат кон другите услуги на Гугл, така да клиентите можат целосно да бидат свесни за тоа. Гугл ќе им понуди и на сите Интернет страници да бидат во можност да изберат дали целата своја содржина ќе ја користат во специјализираните пребарувања на Гугл.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески