ЕУ ја критикува ЦИА за употребата на брутални мерки

Од:

Европската унија е сериозно загрижена поради извештајот дека американската разузнавачка служба ЦИА долги години применувала брутални мерки врз осомничени лица за тероризам, но истовремено му оддаде признание на претседателот  Барак Обама поради настојувањето да ја спречи таквата пракса.

– Сериозно сме загрижени поради резултатите од истрагата на американскиот Сенат за малтретирањата, што е пракса која ЕУ остро ја осудува дури и кога се употребува во борбата против тероризмот, изјави портпаролката на Европската комисија, Кетрин Реј.

Таа истовремено го пофали Обама, кој ја иницираше истрагата за методите на ЦИА, поради напорите за спречување на тортурата.

Запрашана дали ЕУ ќе ја истражи улогата на некои европски земји кои тесно соработувале со САД и можеби им помагале во нехуманите методи, Реј негирала, тврдејќи дека тоа во извештајот не се споменува.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

ЦИА нуди пакети за отпремнини на вработените во согласност со политиките на Трамп

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ